Во градот Хасково се монтира првиот од 17 нови компјутерски томографи за регионалните болници во Бугарија
Во болницата во бугарскиот град Хасково почна монтажата на првиот од 17 компјутерски томографи од новата генерација, наменети за дијагностицирање цереброваскуларни заболувања во регионалните болници во Бугарија, јавува БНТ.
Станува збор за томограф Somatom X.cite на „Сименс“, кој ќе овозможи брзо откривање мозочен удар и процена на пациентите погодни за тромболиза или за ендоваскуларно лекување.
„Ова е првата монтажа на ваков скенер, кој ќе овозможи интервентна дијагностика и упатување на пациентите кон центрите за ендоваскуларно лекување“, изјави заменик-директорот на болницата, д-р Иван Иванов.
Со апаратот ќе биде поврзан и сервер со вештачка интелигенција за обработка на податоците и консултации со специјалисти од други болници. „Вештачката интелигенција не ги заменува лекарите, туку им помага во работата“, нагласи Иванов.
Монтажата треба да заврши во рок од една седмица, а апаратот се очекува да биде пуштен во употреба за неколку седмици. Проектот предвидува и отворање на шест високотехнолошки цереброваскуларни центри во Бугарија, а вкупната инвестиција надминува 112 милиони евра.

