ПОДЕЛБАТА НА „СЕВЕРЏАНИ“ И „ПАТРИОТИ“ ТРЕБА ВЕДНАШ ДА ПРЕСТАНЕ
“Северџани“ и “Патриоти“ треба веднаш да престане. Без разлика, сите имаме и добра и лоша страна, зависи што сакаме да видиме во другиот? Простувањето е доблест, не слабост. Правдата пак е друга тема.
Во контекст на хибридните напади во Македонија, кои се во тек со опасно експлозивно полнење, особено во делот на граѓанскиот спектар, неопходно е да се работи интензивно за зацврстување на отпорноста на државата во кризи. Ако не сте воочиле до сега, еве ги дел од елементите што се актуелни во хибридната војна против нас, како нација и држава:
1. Активно спроведување на информациски операции;
2. Спроведување на психолошки операции;
3. Конфронтации во областа на дипломатијата со држави што се стратешки партнери;
4. Користење на социјално психолошки и политички аргументи;
5. Идеолошки судири на културно, политичко и религиозно ниво;
Манипулацијата на општественото мислење е од критично значење и те како е важна во делот за конфронтација меѓу самите нас, иако делот со промената на името е главниот аргумент за “патриотизам“, дали не се запрашавте зошто бевме доведени до работ и притиснати во агол? Не дека НАТО и ЕУ се идеални, но подобри нема. Цивилизациските аспекти за правда и еднаквост се вечна борба, нема ништо лесно и готово. До самите нас е дали ќе почнеме да размислуваме во насока на национално помирување и ќе се бориме сите заедно против или самите меѓу себе.Користењето на слабите страни на институциите надвор од системот е опасност за самата држава, длабоко поделни само сме полесна мета за целосно исчезнување од светската мапа. Геополитичките услови, многупати не се фер и коректни, но рамката и правилата внатре не зависат од нас, туку се сплет на сложени политички, социјални и економиски услови. На крај, никој не беше среќен со компромисот, направен е со верба за подобро утре на нашите деца. Друг народ не можеме да увеземе, тие сме, со сите наши слаби и убави страни. Криминалот и правдата се најтешката форма за злоупотреба при давањето на аргументи, треба сериозно да се зафатиме во тој дел, инаку тешко ќе биде. Аргумент повеќе, е ден помалку за нас сплотени како држава и народ.
Највисока форма на национална безбедност се образованието и културата, ние до каде сме?
Автор: Александар Панев
