Поетесата Поли Муканова ја претставува Бугарија на 37-та Поетска ноќ во Велестово
Со настап на шеснаесет поети, музичари и уметници од Бугариja, Хрватска, Романија, Ирска, Азербејџан и Северна Македонија, синоќа во селото Велестово беше отворено 37. издание на Поетската ноќ. Учестничка од Бугарија е познатата бугарска поетеса Поли Муканова.
„Во денешниот свет на брзи зборови и мисли во кој доминираат технологијата, виртуелната реалност и вештачката интелигенција, поезијата е една мала искра која блеска силно во тишината на нашите емоции. Нејзината светлина е кратка, но има моќ да ги разбуди љубовта и надежта во нашите срца. Таа е повик да го почувствуваме сето она што сме заборавиле да го чувствуваме. Поетската ноќ во Велестово не е само културен настан, таа е е светилник на македонската поезија, но и на културниот живот на Охридскиот регион и пошироко“, порача на отворањето градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.
Настанот продолжува денес и утре со богата програма.
Сабота, 16 август – тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, Велестово:
- 19:00 – промоција на стихозбирка од Мирослав Кирин (Хрватска)
- 20:00 – интернационално поетско читање „Мозаик“ со учество на Поли Муканова (Бугарија), Рошин Кели (Ирска), Фарид Хусеин (Азербејџан), Анисија Ангел (Романија), Павлина Атанасова, Марија Ангеловска и Стефан Костоски (Македонија)
Недела, 17 август – кафе бар Shilla, Охрид:
- 18:00 – промоција на стихозбирка од Фарид Хусеин (Азербејџан)
- 19:00 – интернационално поетско читање „Мозаик #2“ со учество на Рената Јамбрешиќ Кирин (Хрватска), Мирослав Кирин (Хрватска), Лулзим Хазири, Емануела Ковачевска Китановска, Ивана Јовановска, Маја Мојсова и Андреј Ал-Асади (Македонија)
