Трамп ги информира европските лидери за средбата со Путин
Претседателот на САД, Доналд Трамп, утринава остварил телефонски разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски и повеќе европски лидери за да ја дискутира средбата со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти портпарол на Европската комисија, пренесува БГНЕС.
Разговорот траел повеќе од еден час и во него учествувале британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, генералниот секретар на НАТО Марк Руте и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Според украинското претседателство, Трамп најпрво разговорал со Зеленски, а потоа се приклучиле и останатите европски лидери. Белата куќа ја потврди информацијата за одржаната комуникација.

