ПОГЛЕДНИ ГО ДОМОТ СВОЈ
Погледни го домот свој… АНГЕЛЕ. Песната е напишана од Бора Ѓорѓевиќ. Тoа e песна што прекрасно ги отсликува денешните прилики на овие простори а воедно и во Македонија. Мизерија, безнадежност,смрт… тоа е реалноста во нашата Македонија.
Додека не убедувате дека треба да се задоволиме со минимална плата, вие за себе градите (крадите ) хациенди, нас не убедувате дека животот ќе дојде, а животот за многумина веќе нема смисла, од вашите роднини останаа само кучињата и мачките невработени, сето друго криво- право во јавна администрација го вработивте, а нас не убедувате дека приватниот сектор бил иднината. На работа одите со приватни возила, а поднесувате сметки за патни трошоци небаре со авион во прва класа сте се возеле.
И така тркалото се врти веќе 28 години. Едни со други се обвинувате кој повеќе крадел и тоа пред очите на јавноста, и тоа замисли признавате дека се крадело ама во другото време повеќе се крадело од вашето… Мизерија што друго да се каже после вакви изјави, и така се во круг до бескрај.
Затоа „погледни го домот свој АНГЕЛЕ симни ја пајажината од очите, подигни го мечот свој АНГЕЛЕ од тебе очекуваат спас. Време е некој оваа песна да ја претвори во реалност и да стави крај на беззаконието во нашата Македонија.
Автор: Добре Митрев, член на УК на ГДУ

