| |

ПОКРАЈ СО МИЦКОСКИ, ЗАЕВ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО

Премиерот Зоран Заев за ТВ21 изјави дека следната недела ќе има средба со коалицијата Алијанса/Алтернатива за нивниот предлог закон за државјанство, кој иако е во собраниска процедура, сепак не наидува на поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

-Да, ќе се сретнам и со Алијанса за Албанците и Алтернатива следната седмица за да разговараме за решение на проблемот за граѓаните кои немаат државјанство, рече Заев.

Со оглед на тоа дека лидерот на Алијанса за Албанците во моментов е позитивен на Ковид 19, не се знае со кого точно Заев ќе има средба, односно кој ќе ја претставува оваа коалиција.

Во понеделник Заев ќе има тет-а-тет средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Извор: zoom.mk

Слични Објави