Полицаец од ПС Карпош во тешка состојба поради вдишан чад кај „Борис Трајковски“
Еден полициски службеник од Полициската станица Карпош се наоѓа во тешка здравствена состојба откако вдишал голема количина чад за време на вчерашниот пожар во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, пишува Скопје Инфо.
Според информациите, веднаш по инцидентот полицаецот бил пренесен во болница, каде што му е укажана итна медицинска помош, а неговата состојба внимателно ја следат лекарските екипи.
Во моментите на пожарот, публиката, ракометарите и спортските работници беа безбедно евакуирани. Министерството за внатрешни работи информира дека полициските службеници ангажирани за обезбедување на турнирот веднаш се приклучиле кон гаснењето, заедно со екипите од противпожарната заштита.
Како последица на вдишаниот чад, уште девет полициски службеници завршија на Одделот за токсикологија, каде што им е обезбедена кислородна поддршка.

