ПОЛИЦИЈА ВЛЕЗЕ ВО МАГАЦИНОТ СО ДОНАЦИИ ОД ЗАЕВИ

/

Полиција упадна во магацини во кои волонтери од невладината организација „Сите заедно можеме“ пакуваа прехранбени продукти за дистрибуција до семејства од социјално ранливите категории во осум општини. Волонтерите, наместо дома, до 4 часот утринава останале во полициска станица, каде што даваа исказ, објави A1он, пренесува Лидер.

Во акцијата на полицијата била вклучена и дежурната јавна обвинителка Лидија Георгиева, кој наредила хуманитарната помош да не биде транспортирана додека не се достават документи за потекло на стоката.

Претседателот на невладината организација, Александар Маркоски, појаснил дека испратниците и фактурите не ги чуваат во магацин и дека тие се кај донаторите на стоката, односно семејството Заеви, но не наидоа на разбирање од страна на инспекторите.

Адвокатот на невладината организација, Илин Тодоровски, за „А1он“ вели дека акцијата е спроведена како на филм додавајќи дека е нелогично во 11 часот навечер да бараш испратници и фактури за потекло на стоката, која е хуманитарна помош. Објаснувањето е дека се постапува по пријава за што Тодоровски се сомнева.

Нам ни кажаа дека постапуваат по пријава, а акцијата беше за потекло на стоката и што има внатре во пакетите. Јас разговарав со волонтерите и со претседателот. Симптоматично е за обична пријава со шест возила да правиш опсада од две страни во 11 часот навечер и да бараш фактури и испратници. Сомнежот е дека не е само обична пријава. Целата стока е оставена среде улица, постои можност за нејзино оштетување бидејќи во пакетите има разни продукти, а станува збор за речиси 750 пакети. Камион со приколка е оставен среде улица и не дозволуваат да тргне. Велат дека добиле усна наредба, а писмена не била изготвена за да не поднесуваат барање до судија на претходна постапка бидејќи процедурата ќе трае 10 дена за да ја потпишат, вели адвокатот Тодоровски.



Целиот текст на А1он можете да го прочитате ТУКА.



Претходна статија

ФУНКЦИОНЕР НА ВМРО-ДПМНЕ УАПСЕН ЗА ПОТКУП ЗА СУБВЕНЦИИ

Следна статија

АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТА ОД ПАТ ВО БЕРОВСКО, ПОВРЕДЕНИ ЧЕТИРИ ЛИЦА

Најново од Вести