ПОЛИЦИЈАТА ПУКАШЕ ВРЗ ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО ХОНГ КОНГ, ПОВРЕДЕНО МЛАДО МОМЧЕ
Едно момче е рането кога полицијата во Хонг Конг пукаше кон демонстрантите за време на новата блокада на метроата и патиштата во градот, пренесоа локалните медиуми.
Објавено е видео на кое се гледа полицаец како фаќа за врат еден демонстрант, а потоа пука кон друг кој се доближува, јави „АП“.
Како што соопшти полицијата, повреденото момче било префрлено во болница, каде е оперирано.
Извори наведуваат дека станува збор за 21-годишно лице.
Полицијата од Хонг Конг првпат употреби вистински куршуми во текот на протестите во август, кога беа ранети двајца тинејџери.
Демонстрантите повторно кренаа блиокади на повеќе локации во градот предизивкувајќи нова ескалација од насилство, додека антивладините протести влегуваат во шестиот месец.
Извор: Макфакс
