Пописот како достоинство, храброст и лојалност

/

Пишува: Добре Митрев претседател на здружение Македонско-Бугарско пријателство

На 5-ти септември почнува пописот во Република Северна Македонија. По цели дваесет години и еден неуспешен обид за попис, нашата земја се соочува со новиот предизвик, за кој сите ние очекуваме да биде успешен, точен, јасен и прифатлив од сите политички фактори во земјава.


Ние, македонците со бугарско етничко и национално самосознание, присутни на оваа територија од пред 1300 години, од формирањето на Првото бугарско царство, па се до денешен ден, треба активно да се вклучиме во пописот и слободно да ја искажеме нашата национална и етничка припадност кон бугарскиот етникум.
Поминаа годините кога погрдно бевме нарекувани “бугараши“, како нешто срамно и извитоперено од својот основен етникум-бугарскиот. Сега Македонија е на прагот на Европа, имаме делимично освоена демократија и треба да го кажеме јасно и гласно нашето чувство на припадност кон бугарскиот национален етнос. Храброста е одлика со која се гордееле нашите предци во борбите за ослободување и обединување, па ние, нивните наследници треба достојно да им се оддолжиме со јасната изјава за нашата националност. Тоа е и моралната обврска на сите оние кои добиле бугарско државјанство и документи, сите врз основа на сопствена изјава и секогаш со валиден документ за бугарската национална припадност на своите предци.
Јасната и точна изјава пред пописните органи, треба да биде патоказ на државата кон заштита на нашите права, права на образование, правна заштита, заштита од прогон и другите должности кои секоја држава, па и македонската треба да ги исполнува кон своите граѓани, безразлично на наков етникум или нација припаѓаат. Притоа бројките не се важни, важни се правата. Нека се определи само еден, нека се определат десетмина, стотина, неколку илјади или било колку, останува обврската на државата за подршка на нивните права, за еднаквост и хуманост. Време е веќе еднаш да престане, порано јавното а сега прикриеното, политичко и полициско насилие, кое македонските власти го употребуваат единствено кон македонските бугари. Ние треба да си ги бараме правата, а на нив да им ги кажеме, посочиме обврските кои ги имаат кон нас, а никогаш до сега дури не помислиле да ги исполнат. Ншата борба е борба за човековите права, наши и на сите граѓани на Северна Македонија.




Ние сме биле секогаш лојални на нашата татковина Македонија и секогаш коректни кон државата Бугарија, која не признала и прифатила за свои. Ние живееме во духот на напредните европски демократии.Да кажеме дека сме етнички бугари, да кажеме дека сме потомци на славните Аспарух и Кубер, потомци на светиот Борис Покрстителот, но да кажеме дека сме потомци и на оние кои крвавеле за нас, со нас и со себе си. Так, ние сме потомци на Гоце Делчев, Татарчев, Матов, но потомци и на Тодор Александров, генералот Протугеров и Ванчо Михајлов. Какви и да биле, тие се нашите предци.
Во оваа земја живеат и тие кои се потомци на Александар Македонски, на Аминта и Филип…и тие се синови на оваа земја, тие се наши сограѓани и ние со нив треба да ја градиме демократската иднина. Исто така меѓу нас има и срби, хрвати, албанци и многу други, кои до сега се попишуваа слободно и без притисоци, со она чувство на слобода кое нам ни беше насилно одземено! Тоа наше признание е поддршка на мултиетничкиот и мултиконфесионалниот статус на Македонија…таа е татковина на сите нас, а демократијата и слободата треба да се составен дел од нашите животи.


Пописот е проверка на нашето достоинство, нашата храброст и нашиот патриотизам. Дојде времето да се покажеме…никој не може да не понижи сите нас!
Македонски бугари, бидете храбри и искрени, попишете се со достоинство!

Претходна статија

Скопје ги повторува минатогодишните заблуди

Следна статија

„Американка во Софија“

Најново од Истакнато