РАСПИШАНА НАГРАДА ЗА ВОЛОНТЕР ИЛИ ВОЛОНТЕРСКА АКЦИЈА ЗА 2018 ГОДИНА

Вести Истакнато Македонија

Советот за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2018 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот за локална награда за волонтер или волонтерска акција за 2018г.

Предложените кандидати/органзации/институции/неформални групи треба да ги исполнуваат следните услови:
– волонтерската работа да е реализирана во Општина Битола;
– предложените кандидати да се жители на Општина Битола;
–  да имаат значителни достигнувања и резултати во волонтерскиот ангажман и во промоција на волонтерската работа во текот на 2018 година.

Право да номинираат кандидати имаат организации, институции, неформални групи и други организатори на волонтерска работа.
Наградата се доделува по повод 5-ти декември – Меѓународниот ден на волонтерите и целта на нејзиното доделување е да го поттикне и промовира волонтерството во Битола, да се зголеми видливоста на волонтерите и позитивните волонтерски практики и да инспирира понатамошно унапредување и развој на волонтерството на локално ниво.

За предложените кандидати треба да се достави:
1. објаснување зошто сметате дека треба да ја добијат наградата;
2. писмо за поддршка од организаторот на волонтерска работа со податоци за волонтерскиот ангажман;
3. дополнителна документација која го потврдува ангажманот на волонтерот: фотографии, записници и документи од волонтерските активности, медиумски написи и сл.

Краен рок за доставување на предлозите е понеделник 3 декември 2018 година до 16.00 часот со доставување на потребните документи во порака на Фејсбук страницата на Советот за волонтерство https://www.facebook.com/sovetzavolonterstvobitola/.
Наградата ќе биде доделена во среда на 5 декември 2018 година.