|

Попладнево избувна голем пожар на депонијата „Дрисла“

Попладнево голем пожар избувна на депонијата „Дрисла“, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Тој изјави дека ситуацијата не е алармантна и дека екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје работат на негово гаснење.

Ангелов потсети дека гаснењето на ваков тип пожари е сложен процес поради хемиските и биолошките реакции во внатрешноста на депонијата, кои создаваат запаливи гасови.

Слични Објави