|

Поради градежни активности на мостот „Обединети нации“, затворена насоката за движење на пешаците

ЈП Улици и патишта Скопје известува дека денеска на мостот “Обединети Нации” на тротоарот се изведуваат градежни активности за санација на мостот и е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради изведба на активностите во насока од Влае кон Карпош ќе биде затворена насоката за движење за пешаците до завршување на градежните активности.

ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.

Слични Објави