Поради скандалот со македонскиот дипломат ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Димитров и Османи

/

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поради дипломатскит скандал побара оставка на двоецот Димитров – Османи.

Како што велат од таму, извлекувањето на ерменскиот тајкун од Ерменија е правено со употреба на многу ресурси и тоа не е изведено само од тројцата дипломати.

-Заев треба да каже како дипломатот Миленковски изнајмил авион и извлекол тајкун од Ерменија кој е брат на поранешен претседател и човек на лик Вице Заев? До сега не е забележано дипломати да можат да изнајмат приватен авион.

Очигледно е дека Миленковски и другите двајца дипломати се само извршители, а некој друг нарачател. Дали Заев го крие тој нарачател и дали тој е дел од власта?

Сомнително е што Миленковски е близок човек до Виктор Димовски, шеф на АНБ.



Заев мора да каже се користат ли државните ресурси за заштита на белосветски криминалци?

Дополнителна индиција дека Заев нешто крие е фактот што пионите на Спасовски во МВР сокриле од Наќе Чулев секаков документ за случајот. Дали систематски е прикриван случајот Миленковски?

Заев да почне да дава одговори. Ова се тешки скандали за државата за кои мора да има одговорност, велат од опозициската партија.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Пендаровски: Вакцинацијата клучен фактор за излез од кризата

Следна статија

Најмногу вакцинирани во Неготино, Кавадарци и Охрид, најмалку во Гостивар и Дебар

Најново од Вести