Поранешен генерален конзул на Бугарија во Србија: Треба да кажеме НЕ на Србија во ЕУ додека Бугарите таму не добијат реални права и слободи
„Од нашето ДА зависи евентуалниот влез на Србија во ЕУ. Со тоа можеме да кажеме дека го поддржуваме влезот на Србија во ЕУ, но бараме да се решат проблемите на нашето малцинство таму, не само на хартија туку и реално. Тоа за жал не беше направено“, изјави во интервју за БГНЕС поранешниот бугарски конзул во Ниш, Едвин Сугарев.
Во интервјуто за агенцијата направено по повод најновата книга на Сугарев „Елегија на краиштето, судбината на Бугарите во западните покраини“ посветена на Иван Николов, претседател на КИЦ Босилеград, поранешниотгенерален конзул на Бугарија во Србија вели: „Од „Натчертањето“ на Илија Гарашанин до денес, Србија ја смета Бугарија за непријател. Белград прави големи напори за дебугаризацијата на Западните покраини. Бугарите таму ги снемува не поради природни причини, туку поради асимилацијата од страна на Србија“.
Сугарев упати и критика до бугарските политичари кои како да флертуваат со Србија. Во врска со тоа даде пример со плоча на која требало да биде одбележана годишнината од опожарувањето на Босилеград. Тоа не им било дозволено на Бугарите таму и плочата им била одземена.
Дури во 2018 година за време на средбата меѓу Вучиќ и бугарскиот претседател Радев, српскиот претседател ветил дека плочата ќе биде вратена.
„Многу сакаме да им се допаднеме на Србите. Да се прегрнуваме со нив, да се тапкаме по грбовите, како што правеа Вучиќ и Борисов. Да добиваме медали од нив, а проблемите со бугарското малцинство таму, да се занемаруваат како помалку важни во геополитичката смисла на зборот. Може така тоа им изгледа на бугарските управници. Тоа е апсолутно неморално однесување.“
Сугарев истакна дека Бугарија треба да направи национална стратегија за Бугарите во западните покраини, бидејќи според неговите зборови во Босилеград има 50 % невработеност. Како пример за одговорна политика Сугарев ја спомна Унгарија, која го помага малиот и средниот бизнис со фонд од 160 милиони евра на етничките Унгарци во Србија.
Погледнете го целото интервју на Сугарев во видеото што следи:

