|

Пораст на цените на авиобилетите

Меѓународната асоцијација на аеродроми објави дека целосно закрепнување на воздушниот сообраќај се очекува до 2025 година. Најновата прогноза покажува дека бројот на патници следната година ќе биде девет проценти помал од 2019 година, а закрепнувањето се уште „доцни“ бидејќи претходно беше најавено дека европскиот воздушен сообраќај би можел да се врати на тие резултати веќе во 2024 година. Директорот на ова здружение, Оливие Јанковец, рече дека догодина превозниците ќе претрпат загуби од околу 220 милиони евра.

-Минатата година имавме силен раст и воздушниот сообраќај беше отпорен на сите геополитички и економски проблеми. Сепак, целосно закрепнување и враќање на резултатите од 2019 година, која беше рекордна година во секоја смисла, може да се очекува во 2025 година, рече Јанковец, додавајќи дека војната во Украина и геополитичките тензии во Европа генерално ќе влијаат на овој пазар, бидејќи како и инфлаторните притисоци негативно ќе влијаат на побарувачката.

Според овие прогнози може да се очекува благ пораст на авио билетите. Зголемувањето на цените можеби ќе беше уште поголемо доколку нискобуџетните компании не продолжија да растат и да ја зајакнат понудата на евтини летови до сите дестинации. Без оглед на овие прогнози, пазарите кои се потпираат на туризмот може да очекуваат добри резултати и може да го надминат бројот на патници во периодот пред пандемијата, објави порталот Каматица.

Извор: Слободен печат



Слични Објави