|

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

„В среда на 24 април, граѓаните со својот глас за Стево Пендаровски избираат европска иднина. Изборот е кристално јасен, изборот е помеѓу подобра, европска иднина со Пендаровски или безнадежност и враќање назад со Силјановска и ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

„Пендаровски е прогресивен поличар со јасна визија за европска иднина на државата и силен поддржувач на членството во НАТО и ЕУ.

Човек кој ги споделува вредностите на заедништво, на чесност, рамноправност, кој не ги дели граѓаните, туку ги обединува.

На граѓаните на Македонија не им треба уште една продолжена рака на Белата палата, туку вистински Претседател, со свој став и државничко чувство за иднината на државата.

Не ни треба враќање назад во изолација и неизвесност, туку напредок и членство во ЕУ.

На граѓаните им е доста од делби и поделби. Сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард.

Гласот за број 1, за Стево Пендаровски е глас за сигурна, европска иднина“, соопшти СДСМ.



Слични Објави