ЛЕГЕНДАРНИОТ ОЛИВЕР ДРАГОЈЕВИЌ ЈА ИЗГУБИ БИТКАТА ПРОТИВ РАКОТ

//////

Во пет часот изутринава, во болница во Сплит, легендарниот пеач и кант-автор во 71. година од својот живот ја изгуби борбата проив ракот. Зад себе ја остави сопругата Весна со која беше во брак цели 44 години, синовите Дино (42) и близнаците Дамир и Давор (39), како и огромен број ужалени љубители на неговата музика.  Во секој момент се очекува официјално соопштение за смртта на Драгојевиќ.

Во август 2017 година на „морскиот волк“ му беше дијагностициран рак на белите дробови откако му се слоши за време на погребот на неговиот колега и пријател, музичарот Реми Казиноти. Ниту дијагнозата, ниту третманите хемотерапија не го спречија да изнајде време за семејството, пријателите и музиката. Тој дури го победи уморот и за момент беше поголем од болеста за минатата година да го изведе својот последен концерт.

„Времето го поминувам дома каде свирам и пеам. Станувам наутро, си ја земам гитарата и почнувам да свирам и така по цели денови. Не ми е тепко, на ова гледам како на некој вид рекреација“ изјави Драгојевиќ на почетокот на годинава.



Во Македионија Оливер Драгојевиќ последен пат одржа голем концерт на 4. март 2017 година во ВИП Арената „Борис Трајковски” во Скопје.



Претходна статија

МУЛТИ-КУЛТИ НА ДЕНОТ

Следна статија

КУД “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” СО ОСВОЕНА ПРВА НАГРАДА НА НАТПРЕВАР ВО БУГАРИЈА

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи