ЛУЃЕ КОИ ВЕРУВААТ ВО ТЕОРИЈАТА ЗА РАМНАТА ЗЕМЈА ПЛАНИРААТ ЕКСПЕДИЦИЈА ПРЕКУ АНТАРКТИКОТ

Поддржувачите на теоријата дека Земјата е рамна, планираат експедиција преку Антарктикот за да ја откријат еднаш засекогаш „вистината“ за формата на нашата планета.

Како ќе го направат тоа се уште не е сосема јасно. По се изгледа дека експедицијата ќе има за цел да докаже дека јужен пол не постои.

Џеј Декасби вели дека експедицијата ќе докаже дека крајбрежјето на Антарктикот е крајната точка на рамната земја. Познатиот YouТube-р Логан Пол веќе објави дека сака да претстави документарен филм по таа тема насловен: „Рамната земја- до работ и назад“.

Постои само една мала пречка во намерата на Пол и Декасби да ја остварат својата намера. Според Договорот за Антарктикот од 1961 г. сите приватни туристички посети на овој дел од светот се забранети. Дозволени се само експедициите организирани со научна цел. Дали патувањето на Декасби и Пол може да се определи како корисно за науката е сосема друго прашање.

Потсетуваме дека уште во 1911 г. норвежанецот Руал Амундсен заедно со членовите на својата експедиција стана првиот научник кој го достигнал т.нар. географски Јужен пол.