Поскапеа услугите и производите во Катастар, некои за 300 проценти

/

Промената на цените на услугите и на производите е резултат на промената на минималната плата, поскапувањето на електричната енергија, поскапувањето на цената на енергенсите (нафта, огревно дрво), велат од Агенцијата за катастар за „Слободен печат“.

Ценовниот бран го зафати и Катастарот, па од пред десеттина дена за да извадите имотен лист ќе треба да платите 250 денари, наместо досегашните 180 денари.

Според новиот Тарифник кој е на сила од 11 ноември, кога податоците од Геодетско катастарскиот информационен систем се користат за формирање на нови производи со додадена вредност во комерцијални цели, висината на надоместокот се зголемува за фрапантни 300 проценти! Граѓаните реагираат бидејќи е поскапено и спроведување на договор претходно заверен на нотар и тоа од 300 на 1.250 денари, што е четири пати повисока цена.

Меѓудругото за таканаречениот историјат наместо 600, сега се наплаќаат 750 денари. Има и други услуги со повисоки цени, но крајната сума ја пресметува системот. Од Агенцијата за катастар за „Слободен печат“ велат дека промената на цените на услугите и на производите е резултат на промената на минималната плата, поскапувањето на електричната енергија, поскапувањето на цената на енергенсите (нафта, огревно дрво).

-Поскапени се и цените на услугите за одржување на системите кои се надлежност на Агенцијата, како и други зголемувања на останати режиски трошоци. Воедно ве известуваме дека во 2017 година, Агенцијата за катастар на недвижности ги намали цените за 50 отсто и тие ќе останеа непроменети доколку не се случеа наведените промени на цените – стои во одговорот на прашањето на „Слободен печат“, на што се должи ова поскапување?

Од Агенцијата се децидни дека зголемувањето на цените во просек изнесувало околу 25 проценти.

– Кај некои производи цената не е променета и зголемувањето е извршено само по однос на фиксниот надоместок за реални трошоци кој изнесува 250 денари, во одредени ставки има намалување како што е случајот со списокот на индикации со податоци за недвижностите каде намалувањето изнесува 60 отсто на барање на единиците на локалната самопурава. Бројот на услуги кои претходно беа содржани во пет тарифници сега е намален и во примена има само два тарифници, бидејќи е извршено групирање на услугите кои се од ист и/или сличен карактер – објаснуваат од институцијата.

Согласно Законот за катастар на недвижности, средствата за работа на Агенцијата се обезбедуваат од основниот државен Буџет, како и од приходи од самофинансирачки активности – надоместоци од извршени услуги, донации и други извори согласно со закон и извори на средства на договорна основа.



-Средствата од основниот буџет на државата се наменети за исплата на дел од плата на вработените, другиот дел од платата и придонесите за плата се обезбедуваат од самофинансирачката сметка на Агенцијата – информираат од Катастарот.

Инаку, новиот тарифник на Агенцијата е донесен на седницата на Управниот одбор на 12 септември годинава, а објавен во Службен весник на 11 ноември, од кога и се применува.

Имотен лист да може да се извади во секој град, за имот што се наоѓа на која било територија во РСМ, без разлика во кој град ќе биде поднесено барањето за имотниот лист (пример: во Охрид може да се извади имотен лист за општина Скопје, општина Дебарца односно за која било општина во РСМ).

Имотен лист може да извади секој граѓанин пред надлежните институции, само потребно е да го знае бројот на имотниот лист или катастарската парцела, за да го пополни барањето за истиот. Без оглед дали граѓанинот што сака да го извади имотниот лист е негов сопственик или не, може да го поднесе барањето за имотен лист.

Имотен лист преку Интернет во земјава се вади од 2015 година, а дистрибутивниот систем е достапен онлајн 24 часа за сите правни и физички лица во земјата и во странство. Во зависност од желбата и потребата на корисникот, бараните податоци може да се добијат во дигитална или во хартиена форма.

Извор: Слободен печат

Претходна статија

Петти национален литературен конкурс „АЛБЕНА“ во организација на Фондацијата „Бугарска памет“

Следна статија

Поевтинуваат горивата: РКЕ ги објави новите цени

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,