СОСТОЈКИ:
1/2 кг кори за пита
1 кг јаболка
100 гр суво грозје
презла
шеќер
цимет
1 ванилин шеќер
масло за јадење
шеќер во прав
Подготовка:
- Јаболката ги лупиме и рендаме. Го цедиме вишокот течност од јаболката
- Во јаболката додаваме шеќер по вкус (во зависност од тоа колку сакаме да биде блага штрудлата), како и сувото грозје, ванилиниот шеќер и цимет по вкус. Ја промешуваме смесата.
- Земаме една кора, ја попрскуваме со масло и врз неа ставаме друга кора.
- На втората кора нанесуваме од филот со јаболка и попрскуваме со една лажица презла. Корите ги мотаме во ролат.
- Постапката ја повторуваме се додека не ги потрошиме корите. Ролатите ги редиме во плех подмачкан со масло за јадење.
- Ги сечеме на парчиња. Печеме околу 30 минути на температура од 180 степени. Откако ќе се олади посипуваме со шеќер во прав.
Извор: Мисли