ПОСТАВЕНА НОВА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА ПРЕД ОУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

//

Деновиве беа поставени легнати полицајци пред ОУ „Блаже Конески“ за поголема безбедност на учениците, како и на другите учесници во сообраќајот. Освен легнатите полицајци поставени се и сообраќајни знаци за предупредување, односно улицата пред училиштето е целосно обележена со вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.

Во претстојниот период се поставува вертикална и хоризонтална сигнализација и пред основното училиште „Александар Македонски“ и клонот „Сонце“ на детската градинка „Буба Мара“ во Реонски центар, како и пред основното училиште „Браќа Миладиновци“ во населбата Острово.



Општина Аеродром за овој проект од својот Буџет издвои околу милион денари.

Претходна статија

ВТОР ТУРНУС СУБВЕНЦИИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ВО КАРПОШ

Следна статија

ВИДЕО: МИГРАНТ ОД МАЛИ СПАСИ ДЕТЕ И СТАНА ПОЧЕСЕН ГРАЃАНИН НА ПАРИЗ

Најново од Вести