СИЛВАНА БОНЕВА ДЕНЕСКА СЕДНУВА НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева денеска седнува на обвинителна клупа во Кривичниот суд во Скопје. Според обвинението, таа поднесувала лажни фискални сметки од патарини од други лица кои патувале, за што наплатила значителна сума пари од Собранието.

loading...

Се работи за периодот од 1 јануари 2011 до 16 декември 2015 година, кога Бонева беше пратеник во Собранието. Според Обвинителството, таа со намера за себе да прибави противправна имотна корист, сторила повеќе временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, притоа искористувајќи ист траен однос.



loading...

„Таа до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, како да остварила 904 патувања за присуство на седници во наведениот период, со што го довела во заблуда овластеното лице во Собранието да изврши незаконита исплата на средства за патни трошоци во значителен вкупен износ од 6 458 551 денари“, соопштија на 4 септември од ОЈО кога го поднесоа обвинението до судот во Скопје.