ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: НАИНГОЛАН ВО ИНТЕР ЗА 29 МИЛ. ЕВРА + МЛАДАТА ЅВЕЗДА

/

Како што објавија неколку медиуми од Италија, Раџа Наинголан е дефинитивно нов играч на Интер.

Фудбалерот кој не се најде на списокот на белгијскиот селектор Роберто Мартинез за СП ќе го засили Интер. Според Тутоспорт преговорите помеѓу Интер и Рома се финализирани и договорот ќе биде потпишан на 1. јули.

Рома ќе биде обештетена со 29 милиони евра и талентираниот играч Никола Заниола. Се работи за 19. годишен играч кој со Интер го освои Скудето во Примавера. Оваа сезона за младиот тим на Интер во 34 натпревари постигна 14 голови и запиша 10 асистенции.



Наинголан едвај чека да премине во тимот кој конечно избори пласман во ЛШ и кај поранешниот тренер Спалети.

Извор: Sportski.mk



Претходна статија

ОСУМ ЛИЦА СЕ ОСОМНИЧЕНИ ЗА СТОРЕНО КРИВИЧНО ДЕЛО “ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ПАРИ“

Следна статија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: ЌЕ ГИ ЗАЈАКНЕМЕ КАПАЦИТЕТИТЕ НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ

Најново од Истакнато