ПОСТОЈАНИОТ ПРЕТСТАВНИК НА БУГАРИЈА ВО ЕУ: НАИВНО Е ДА СЕ СМЕТА ДЕКА СО ПРИТИСОК ОД НАДВОР ЌЕ ПОПУШТИМЕ ПРЕД РС МАКЕДОНИЈА

//

„Станува збор за заблуда на јавноста на европските земји за проблемот. Станува збор и за заблуда на јавноста во Република Северна Македонија за проблемот. Проблемот меѓу Бугарија и РСМ е сосема јасен – РСМ потпишува договори, кои очигледно нема намера да ги исполнува потоа“, изјави постојаниот претставник на Бугарија во ЕУ, Димитар Цанчев во емисијата „Сабота 150 “ на Бугарското национално радио.

„Смешно е што земја-кандидат се обидува да ја научи Европската унија и да ја задржи илузијата меѓу своите граѓани дека е можно да се зачлени во ЕУ без исполнување на основните критериуми за пристап и без разделување со идеолошкото наследство од времето на комунизмот“ , потенцира дипломатот.

Цанчев е категоричен дека нема друга земја што стана членка на ЕУ во сите најнови бранови на проширување во последните 30 години, што дефинитивно не се раздели со својата „идеологија за градење на државата од времето на комунизмот“.

Лобистичката кампања на РС Македонија не е ограничена на последните недели или месеци. Таа е во полна сила откако земјата стана членка на НАТО, забележува Цанчев. Според него кампањата покажува неразбирање на начинот на којшто работи ЕУ и како се одвива процесот на проширувањето.

Димитар Цанчев посочи дека е „неоправдано и наивно“ да се мисли дека позицијата на Бугарија може да се промени преку надворешен притисок.

Сите земји-членки на ЕУ веќе се свесни дека Бугарија не го оспорува суверенитетот на Република Северна Македонија, ниту правото на нејзините граѓани да го користат нивниот службен јазик, вели Димитар Цанчев.

„Бугарија инсистира да им се даде можност на граѓаните на РСМ отворено и слободно да ја изразат својата бугарска самосвест.



„Врз основа на искривена верзија на историјата, младата генерација во РСМ се образува во духот на омраза кон Бугарија“, додава дипломатот.

Во врска со можноста сега да се даде зелено светло за РС Македонија и решавање на билатералните проблеми во иднина, Димитар Цанчев коментира:

„Не е можно Бугарија да започне преговори за членство со РС Македонија пред да добие сигурни гаранции дека нашиот национален интерес ќе биде зачуван.

30 години Бугарија правеше гестови на добра волја кон Скопје, вклучително и поддршка за нејзин пристап во НАТО, додава Димитар Цанчев. Според него е неоснована тезата дека одложувањето на почетокот на преговорите за РС Македонија ја отвора вратата за надворешни влијанија.

Претходна статија

УАПСЕН БИТОЛЧАНЕЦ – СЕ ОБИДЕЛ ДА СИЛУВА МАЛОЛЕТНИЧКА ВО КИЧЕВО

Следна статија

ИРАН ВЕТИ ПОДДРШКА НА ХАМАС ВО БОРБАТА ПРОТИВ ИЗРАЕЛ

Најново од Вести

Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој

Голем број инфраструктурни проекти се изведуваат со засилено темпо и да ги испочитуваат роковите за исполнување