ПОТЕРНИЦА ЗА ЦРНОГОРЕЦ КОЈ УКРАЛ ДИЈАМАНТИ НА КАТАРСКИОТ ШЕИК
Судот во Венеција издаде потерница за подгоричанецот Горан Перовиќ (55), член на организирана криминална група, која од Дуждевата палата украла дијаманти и накит во вредност од околу седум милиони евра, сопственост на катарскиот шеик Хамад бин Абдула ал Тани, пренесува Нова Македонија.
Весникот „Дан“ пишува, повикувајќи се на италијанските медиуми, дека Перовиќ во моментов е во Србија и е надвор од дофатот на италијанските власти, јавува ЦДМ.

