ПОТПИС ЗА ЕВРОПСКИ ПОПИС БАРА ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ: ПАРТИЈАТА СО МИЦКОСКИ Е АНТИ НАРОДНА

На 350 пунктови, опозициската ВМРО-ДПМНЕ собира потписи за поништување на пописот и спроведување на нов, европски како што велат тие.

loading...

„Навистина се одвива перфектно. Многу граѓани, би рекол илјадници наши сограѓани се одзваа на оваа иницијатива и го дадоа својот потпис така очекувам и во деновите кои следуваат. А тие потписи да бидат поддршка на иницијативата на пратениците која што ќе биде доставена до спикерот во парламентот за поднесување закон со кој ќе бараме поништување на овој неевропски и наместен закон за попис“, истакна Христијан Мицкоски.

За власта ова е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски е анти народна партија која работи против своите граѓани.

„Поддршка за потписот доаѓа од нашите стратешки партнери, ЕУ и САД. Само ВМРО-ДПМНЕ е против, се нешто бојкотира, попречува, саботира. Несериозно и крајно неодговорно. Иницијативата за собирање партиски потписи против Законот за попис, само го зајакнува она што граѓаните веќе добро го знаат. ВМРО-ДПМНЕ со Христијан Мицкоски се анти народна партија која работи против своите граѓани и против својата држава“, вели Снежана Калеска Ванчева.

Амбасадорката Брнз децидна, попис мора да има а изборите не се решение на проблемите.



loading...

„Од наша гледна точка важно е да се изврши попис и да се оди понатаму, како статистичка практика, а не политичка, но креаторите на политики располагаат со такви алатки. Имаме доверба, имаме очекувања дека пописот ќе се изведе професионално и ќе се користи за прибирање прецизни податоци што ќе се користат за јавни политики, како и да се привлечат инвестиции, кои се неопходни за вашиот раст“, порача Кејт Мери Брнс.

Според донесениот закон, пописот во земјава ќе се спроведе од 1 до 21 април. Тој е едно од барањата на ЕУ за почеток на преговори, а Македонија и Унгарија се единствени европски земји кои 10 години се без попис. Последниот попис на населението е спроведен во 2002 година, a Хрватска пак оваа година најавениот попис го одложи поради коронавирусот.