ПОТПИШАНА СПОГОДБАТА ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
Денеска беше потпишана Спогодбата меѓу Министерството за образование и СОНК, за покачување на платата за 5 % на вработените во образованието. Покачувањето ќе се спроведе со платите за септември. Премиерот Заев го изрази своето задоволство од потпишаната спогодба за покачувањето на минималната плата за 5 проценти за вработените во образованието. Заев изрази уверување дека Владата нема да отстапи од реформите во образованието. Тој додаде дека ќе продолжи да се залага за наметнувањето на квалитетен образовен систем. Министерот Адеми од своја страна изјави дека средствата за покачувањето на платата на вработените во образованието, ќе важат и за тие што се со решенија за неопределено и определено време. Адеми истакна дека минималната плата за вработените во основните училишта ќе изнесува 12, 714 денари, додека во средните училишта минималната плата ќе изнесува 13, 117 денари. Адеми им честита на сите вработени во средните и основните училишта потпишувањето на спогодбата.
