|

ПОТВРДЕН ПРВ СЛУЧАЈОТ СО ИНДИСКАТА ВАРИЈАНТА НА НОВИОТ КОРОНАВИРУС ВО СЛОВЕНИЈА

Мутацијата е потврдена на Институтот за микробиологија и имунологија на Медицинскиот факултет во Љубљана.

Првиот случај на индиска варијанта на новиот коронавирус во Словенија е откриен во примерок земен на 20 април, објавија словенечките медиуми, пренесува Слободен печат.

Лабораториите што се занимаваат со секвенционирање на геномот на новиот коронавирус, вклучително и лабораторијата на тој институт, прво ги внесуваат податоците за новите варијанти што ги бележат во порталот ГИСАИД. Тоа е глобална научна иницијатива и примарен извор кој нуди отворен пристап до геномските податоци на новиот коронавирус, пренесува словенечката агенција.

Директорот на Институтот за микробиологија и имунологија, Мирослав Петровец, сè уште не ја потврдил информацијата пред домашната јавност, а се претпоставува дека тоа ќе го стори на прес-конференција за да ја претстави преваленцата на нови видови на коронавирус во Словенија.

Светската здравствена организација (СЗО) неодамна објави дека индиската верзија на новиот коронавирус е позаразна и затоа претставува дополнителна загриженост доколку се прошири низ целиот свет.

Слични Објави