ПОВРЕДЕН ИЛИ КАЗНЕТ? ЕЛМАС ТРЕНИРАЛ ОДВОЕНО ОД СОИГРАЧИТЕ ВО НЕАПОЛ!

/

Македонскиот бисер Елиф Елмас не тренирал вчера заедно со соиграчите од Наполи во тренинг-базата „Кастел Волтурно“, но наполитанците не објавија зошто макеоднскиот фудбалер за врска имал индивидуален тренинг во момент додека останатите работеле во група.

Нејасната информација за самостојниот тренинг на Елмас, ја отвори дилемата кај италијанските медиуми дали македонскиот бисер е повреден или казнет од Џенаро Гатузо, иако во последно време тренерот на Наполи не го вадеше од уста Македонецот, па секојдневно од него фрчеа пофалби за квалитетот и капацитетот кој го има. Многу поверојатно е дека Елмас има некаква повреда, одошто дека би бил казнет, зашто нема причина барем според италијанските медиуми за такво нешто.

„Позитивна вест од ‘Кастел Волтурно’ е што на тренинзите со групата се врати Калиду Кулибали, ама помалку позитивна е што Елиф Елмас работеше индивидуално надвор од групата. Наполи не објави за што станува збор и зошто Елмас не тренирал со останатите“, пишува „Ил Матино“.

За разлика од „случајот со Елмас, Кевин Малку тренирал под посебна програма и во теретана и на терен како дел од рехабилитациската програма, додека Фернандо Љоренте и Јунес работеле само во теретана. Останатите на скратен простор работеле на техничко-тактички план, па одиграле и меч на тој простор.



Извор: Спорт1



Претходна статија

ИГОР ЗОРЧИЧ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СЛОВЕНЕЧКОТО СОБРАНИЕ

Следна статија

РАДУЛОВИЌ: МУ ДАВАВ ПАРИ НА БОКИ 13 ЗА 1ТВ

Најново од Вести