ПОВТОРНО ЛИ СО ПРИТИСОЦИ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА „ЗА“ РЕФЕРЕНДУМОТ?
Што е тоа што се случува со администрацијата во екот на кампањата за референдумот?
Среде кампања за референдумот продолжуваат масовни вработувања во администрацијата со веќе направена шема за вработување на својата партиска коњаница во државните институции , додека на големо ја критикуваа претходната постава за партизирана и обемна администрација.
Згоемената потреба на привремените вработувања кои подоцна знаеме како се трансформираат во вработувања на неопределено време, остава простор за злоупотреба и преобразба во партиски послушници.
Г-дине Манчевски, повторно ли старата практика од претходниците? Повторно ли истите шеми за партизација? Повторно ли со притисоци на јавната администрација? На ваков начин ли ќе ја департизирате администрацијата?
Со задолжитеното повикување на раководителите на секторите, за обука за успешно спроведување на референдмот, само ја продолжувате старата тензична практика која ја создаваа претходните политички играчи. Создавате чувство на страв и морална обврска која не се поистоветува со европските човекови права и основни слободи на граѓанинот , кои се единствен критериум што ја отсликува улогата на човекот и граѓанинот во едно општество и истовремено е најјасниот показател за карактерот на власта.
Нашиот став е дека секој граѓанин има легитимно и демократско право да излезе да гласа на референдумот, без притоа да биде присилуван по било каква основа.
Репубика Македонија заслужува напредок, вистински реформи, безбедност и сите придобивки кои би ги имала како дел од европското семејство.
Автор: Јована Спасевска, член на УК на ГДУ