Пожар во Битола, пронајдена почината 82-годишна жена

/

Почината жена вчера била пронајдена во опожарена куќа на улицата „Солунска“ во Битола.

Како што соопшти МВР, на 1 мај во 09:55 часот во СВР Битола било пријавено дека на улица „Солунска“ во Битола настанал пожар во куќа сопственост на П.Н.(82), при што била опожарена една соба.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат, а во собата била пронајдена почината П.Н..

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршиле екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено за погреб.



Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Амбасадата на САД: Се надеваме дека ќе се вратиме во Киев на крајот на мај

Следна статија

ОН: Бројот на цивили загинати во Украина е над 3.000

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да