| |

Пожарот во „Универзална сала“ ја изгоре и мизерната антибугарска кампања

Пишува: Ели Секуловска специјално за БГНЕС

Иако мислев да пишувам за предизборната капмања во Северна Македонија која е во полн ек и во која пред се доминира антибугарската реторика, сепак апсурдите кои се дел од секојдневието во оваа мала држава, секако дека ќе ви го нарушат концептот.

Имено, денес, на 09.04 2024 година, пламените јазици го уништија еден од најрепрезентативните објекти во центарот на Скопје, наречен Универзална сала, кој речиси изгоре до темел! Причината за пожарот е се уште непозната. Граѓаните на Северна Македоноја се емотивно поврзани со истиот објект каде речиси 70 години се одржуваа културни настани, концерти на култни имиња од светската музичка сцена, драмски претстави, настапи на симфониски концерти….Секако, незаборавно за многумина е гостувањето на Филхармонискиот оркестар од Лос Анџелес, под диригентската палка на Зубин Мехта и пијанистот Андреј Ватс, одржан на 19.Октомври 1967 година пред околу 1800 посетители. Тука ќе ги издвојам гостувањата на легендарниот француски шансоњер Жилбер Беко, како и на ненадминливата Жозефина Бекер. Во Универзалната сала се одржувани и филмски вечери на документарен, краткометражен и анимиран филм, како и филмски проекции на долгометражен филм. Вкупно се одржани 5000 манифестации следени од над 5.800.000 посетители.

Универзална сала е проектирана и изградена со бугарски донации од страна на фирмата „Техноекспортстрој“ од Софија, Република Бугарија во далечната 1965 година, но, официјално е пуштена во употреба на 10. Јануари, 1966 година.

Пожарот што денес се случи во Универзалната сала беше ударна вест на македонските инфомативните програми иако поголемиот дел од тие медиуми не споменаа дека истата сала беше изградена од страна на Република Бугарија. Телевизиската куќа Алфа како и секогаш отиде чекор подалеку; ниту овој пат не заборави да ja навреди Бугарија кажувајќи дека Универзална сала била бугарски проект и дека била некавлитетно градена затоа што во самата нејзина конструкција било употребено дрво како градежен материјал!

Ве молам, Господа! Ќе си земам право да зборувам од аспект на електроинженер – енегретичар кој има доволно искуство како во областа на проектирањето, така и на терен за време на изградба на градежни објекти . Речиси секаде во светот се користи дрвото како градежен материјал, но затоа постои заштита со премачкување со огноотпорни материјали, импрегнација и слично. Според логиката на тв Алфа, доколку самото дрво како градежен материјал било „виновно“ за да настане пожар, тогаш се наметнува прашањето како не настанал пожар за време на тие 5000 одржани настани, кога до пред 15 години во Универзална сала беше дозволено пушење, и кога за време на рок концертите голем број на недоизгаснати отпушоци од цигари беа фрлани на подот? Пожар во еден градежен објект може да настане само од две причини, а тоа се: застарена електрична инсталација или од човечки фактор!

Уште одамна, многу мои колеги предупредуваа дека електричната инсталација во Универзална сала постојано се преоптеретува, дека прашање на време е кога истата ќе попушти и дека е потребно нејзино итно санирање. Пресметките на моќноста на потрошувачите кои беа предвидени во првобитниот проект уште во 1965 година и врз чија основа беше поставена електричната инсталција на истиот објект, не беа предвидени за дополнителните и големи преоптеретувања кои постојано се случуваа во изминатите години! Наместо веднаш да се изнајде решение, се чини дека заложбите за реконструкција на истоимената сала за која се зборува повеќе од дваесетина години од страна на политичките партии беа само декларативни, пазарџиски и дел од предизборната театарска сцена.

Апсурдот како колос на секојденвниот живот во оваа мала држава, ги опфатил сите сфери на животот, вклучувајчи ги градежниот и енергетскиот сектор. Врз рушевините на старата титова догматска идеологија, каде сите општествени науки во замјата се затворени како во конзерва и никако не можат да го фатат правецот и насоката на светските трендови, ќе помислите дека барем егзактните науки и техниката би требало да одат напред! Но, тоа не е така. Техниката и науката во Северна Македонија едвај се придвижуваат, се влечат како полжави и се премногу неуспешни да бидат барем замена за подлабоката животна содржина.

Во текот на моето работно искуство сум била сведок на низа апсурди во областа на градежништвото затоа што за речиси 90% од објектите на кои требало да се изврши некаков градежен зафат, санација,реновирање или доградба, првобитните проекти од кои треба секој инженер да види што се е направено во минатото, ги нема и никој не е заинтересиран да ги види! Секој градежен зафат врз постоечки објект без да се проучат старите проекти и да се знае што се е правено кога се градел првобитниот објект, е ризичен Доколку не ги поседувате старите проекти и доколку не сте ги прегледале, тогаш ниту инженерот, ниту работникот кои работат на реконструкција на објектот, не знаат што прават. Имено,кога настанал пожарот во Универзална сала, се вршеле градежни зафати. Инженерот и работниците кои ги вршат тие зафати, без да знаат каде поминува кабел,несакајќи можат да „удрат“ на истиот и тоа да биде фатално како што според мое мислење тоа беше причината за пожарот на Универзална сала.

Во Северна Македонија се работи на слепо! Никоj за ништо не одговара, никој за ништо не е заинтересиран, ниту пак некој понесува некаква одговорност за нешто, ниту пак некој се грижи за иднината!

Енергетскиот сектор речиси дека дише на шкрги, иако енергетиката и инфрастуктурата се стожери и се од стратешко за една земja.Пред 20 тина години, од страна на МАНУ (Македонска Академийа на Науки и Уметности) се изготвуваше Стратегија за енергетика, но чинам дека истата никогаш не е завршена. Во секоја држава од приоритетно значење е стратегијата за енергетиката и истата се изготвува за идните 50 години. Во Северна Македонија наместо да се разговара за тие стратешки прашања и да се нудат конкретни решенија, најчесто за најважните теми се зборува апстрактно затоа што апстракциите не пружаат отпор.

Навистина, изненадува таа нивна игра со сопственото ништавило, тоа оставрување и битисување во празно. Компромитацијата е сеопшта, ги опфатила сите животни области . Во Северна Македонија се е заразено со фикција затоа што земјата е одвоена од светот, од слободата, од вистинските вредности . Од земјата е направен затворен систем по специјален закон, а духовниот живот се состои од гаѓање со фразеологија. Се размислува конзервирано, збиено, чисто догматски и по формула. Се делува по формула, се битисува по формула, а формулите се формулираат сами, тоа е затворена област на Абракадабра. Инвазија на шаблони, теории , апстракции , форми изградени од некого. Премногу се теоретизира во празно и навистина има нешто необјасниво во неопходноста на овој народ да теоретизира иако ниту тоа умее да го прави како што треба .

Секако, препукувањата , меѓусебните обвинувања и покажувањето со прст кон дежурните виновници, Бугарите се во фокусот на вниманието на платените оратори во изборната кампања во Северна Македонија на речиси сите дебатни емисии. Синоќа, новинарот Бранко Геровски во своето гостување на тв Алфа ги нарече Бугарите casus belli , што значи провокатори и со ефтино направен твист, на кутрата публика им ја демонстрира целата ситуација во извртена форма, толку извртена што и самиот Питагора би се збунил! Но, што да се каже за тие веќе познати политиканти – новинари? Извештачени движења, реторика и мимикрија веќе досадни и познати, а кога ќе се вдлабочиме во нивните расправи, се чувстува недостаток на образование, грозно вопситување и пред се, отсутност на стил. Во вакви услови и не е тешко e да се најде критериум затоа што критериумот е низок, локален , провинциски. Сите се повикуваат на онаа вистина, реалност, но вистина и реалност вклопени во лажни ,лицемерни и локални закони и правила. Се што во својата есенција е коњуктурално и што се одржува на лага, како на престол , е бедно и плитко , вешто и просечно

Тука се секако и божемните конзервативци од ДПМНЕ, закопчани до последното копче кои го бранат идентитетот со тоа што ја шират омразата кон Македонските Бугари, а поголемиот дел од нив се наследници на титовите комунисти ! Со магарешка упорност ја верглаат истата мантра и се трудат само околу едно; Да останат асептички чисти и да не пропуштат внатре ниту еден бацил! Да се сочува нивното митолошко минато, чисто и “незгадено”, да се кознервира, да се чува . Да се биде кип кој се претвора во бронза .Да се живее привремено и да се очекува митологизираното минато да воскресне во иднина. Да не се дозволи да се појави ниту една мала пукнатинка на оклопот на таа верност!

Но, сепак доаѓа време кога реалноста ќе си ги покаже своите заби. Па така, Македонците после 70 години догма, живот во апстракција ,митологија, нереалност, потполно неразбирливо зголемување на административниот апарат и неправење ништо друго освен подметнување, омаловажување и шиканирање кон Македонските Бугари, денес дојдоа до голема криза со која ниту знаат, ниту умеат како да се справат !

Политичката незрелост на овој народ ми е јасна, погодени се од далтонизам , не знаат да разликуваат што во политиката е важно и првостепено, од она што е неважно и споредно.Со тотално непознавање на модерната визија на светот и човекот, на интелектуалниот развој ,се прашувам како ли ќе успеат да влезат во светските текови? Не станува збор замо за интелектот, туку треба да се вдлабочите, да влезете во новоста на светот, да се почувствува стилот, ритамот, страста …. Затоа што околу нас се се менува, а на Северна Македонија му остана само мантрата за чистиот, митологизиран и ненарушен идентитет, оној кој навистина не се вклопува ниту во историјата, ниту во сегашните светски текови,

Ова писание ќе биде и без завршен епилог затоа што е тешко да се најде епилог, ниту да се понуди некакво решение.Ќе завршам со една изјава на американската амбасадорка во Северна Македонија, Ангела Агелер, која пред неколку дена изјави дека во Северна Македонија се е можно! Оваа нејзина изјава кажува многу и чинам дека не е потребен никаков дополнителен коментар.

Слични Објави