| |

ПП-ДБ го зеде и веднаш го врати неисполнетиот втор мандат

Бугарскиот претседател Румен Радев го врачи вториот мандат за формирање влада на втората по големина пратеничка група во бугарскиот парламент „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), јавува Актуално.

Очекувано, коалицијата веднаш го врати неисполнет мандатот, бидејќи не доби поддршка за предложениот пакет антикорупциски закони.

„Ви благодариме што ни дадовте можност да провериме дали има мнозинство во ова Народно собрание. Одговорот, како што очекувавме, е дека тоа нема да се случи. Нема да го промениме нашиот пристап. Очекуваме посилна поддршка од јавноста и наредната можност е повторно да ги ставиме овие теми, како центар за дискусија Борбата против корупцијата не е цел сама по себе, туку главно средство за постигнување успех во оваа насока“, рече академик Николај Денков.

Постапката за вториот мандат ја сметам за завршена“, одговори претседателот Радев.



Слични Објави