ПРАТЕНИЦИ ОД ВЛАСТА И ОД ОПОЗИЦИЈАТА БАРААТ РАСПИШУВАЊЕ НА НОВ ОГЛАС ЗА СОСТАВОТ НА ДИК
Пратеници на СДСМ, ДУИ, Беса и на Алијанса предлагаат да се распише оглас за избор на нови претседател, потпретседател и пет члена на Комисијата, затоа што мандатот на сегашниот состав истекува за еден месец, а оваа Предлог одлука е ставена како точка на дневен ред на за денеска закажаната 29. собраниска седница.
Предлогот е поднесен од координаторите на пратеничките групи на владејачките СДСМ и ДУИ, како и од Кастриот Реџепи од Беса и Атнан Незири од опозициската Алијанса за Албанците.
„Имајќи ја предвид Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес(Службен весник на Република Северна Македонија, број 72/2020 и 154/2020) мандатот на постојнит состав на Државната изборна комисија е пред истекување. Од овие причини Собранието на Република Северна Македонија треба да огласи извор за нови претседател, потпретседател и пет члена на Комисијата поради што предлагаме Собранието да ја донесе оваа одлука“, пишуваат пратениците во образложението.
