ПРАВДА ЗА ШВАЛЕРКИТЕ!

Истакнато Љубовни приказни Магазин

Отварам низ Facebook и се чудам… Се домаќинки бе, која слики како месела, која како правела благо, која како чистела и со што чистела, па совети еден куп како се мете по дома, како деца се гледаат и на крај како мажи се чуваат… Врти, врти и оп анинимна објава „ Мојот маж ме изневерува. Што да правам?“… И од тука имаш едно милион коментари како тој е копук, нечовек, ѓубре над ѓубрината! Па остави го, па разговарај со него, па не разговарај со него, па фати тури му отров во манџата или евентуално фатија за коса таа швалерката и акни ја од земја „оган силен да ја изгори“… Читам, читам и не знам дали ми е смешно или тажно. Совети еден куп, клетви освен оние народните и нови такви штотуку отпаковани… Си мислам. За еден маж да замине во прегратките на друга жена која би можела да биде причината? Дали тоа е монотонијата која што се јавува во бракот, дали е тоа нескротливиот мерак за нешто ново, адреналинот или можеби се работи за нешто сосема трето… Не знам дали некогаш воопшто домаќинките си го поставиле прашањето зошто мојот сопруг тргна по друга? Што ако тој маж е едноставно осамен? Што ако тој маж едноставно веќе не може да ги трпи вашите „домаќински“ принципи и каприци?! Сега пак се поставува и прашањето, зошто толку се вреѓа, колне таа другата? Нели таа е исто ќерка, сестра, мајка на некого? Како може од таа уста „домаќинска“ да излегува толку многу злоба?!
Драги мои домаќинки. Не ви е крива таа другата, криви сте вие самите. Не го барајте одговорот во другите, барајте го во себе. Признајте си неколку работи. Откако се омаживте и не одите на депилација толку често нели? „Јас имам толку обврски не можам да се занимавам со такви глупости, а и тој ме сака таква каква што сум!“. Кога драги домаќинки последен пат направивте нешто за да му угодите на вашиот сопруг да се чувствува најубаво на цел свет… Пример кога му купивте карта за фудбалскиот натпревар онака бе да го честите од срце?! А имате ли слух за него кога ете  едноставно денеска не му дошло да го исфрли ѓубрето?
Драги домаќинки за некој да „избега на страна“ мора да има причина за тоа! Никој не бега од убаво, посебно ако не тоа убавото му е дома. И да се разбереме додека се трескате од земја како да умре швалерката одете средете си ги мишките и однесете го вашиот сопруг на романтична вечера. Не мора и оваа вечер да мирисате на запржен кромид!

Автор: Дај се Делфина