| |

ПРАВНУК НА НАЈСТАРАТА СЕСТРА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОПУШТА ЗА ИСТОРИЈАТА ПРЕД МАКЕДОНИЈА

„Гоце Делчев е Бугарин. Тој бил учител по бугарски јазик, учел и работел во Бугарија. За тоа нема спорови. Не треба да се попушта во преговорите бидејќи треба да го заштитиме нашиот национален интерес“, изјавува за бугарскиот весник „Бугарија денес“, 77 годишниот Ѓорѓи Чопов, кој е потомок на најголемата сестра на Гоце Делчев, Руша.

За себе Чопов вели дека е Бугарин и никогаш не бил со друга етничка самоопределба и покрај тоа што се правени многу обиди да биде македонизиран. Чопов во моментот живее во Благоевград, бил играорец во ансамблот „Пирин“ и кореограв на други културно уметнички друштва.

Чопов раскажува пред весникот дека кога бил во осмо одделение му е изваден пасош во кој што му било напишано Македонец.
„Отидов да им речам дека не сум согласен. И покрај тоа што бев јуноша тие ми одговорија дека таква била политиката. Се сеќавам кога разговарав со мојата баба Слава. Ја прашав зошто кога го запалиле Кукуш нашиот род дошол во Бугарија. Таа ми рече „чедо ние сме Бугари, каде на друго место да одиме, нашето место е овде““, раскажува Чопов.

По смртта на неговиот татко Павел, Ѓорѓи Чопов е посвоен од баба Лика, која е исто така внука на Гоце Делчев. Таа го израснува и станува негова наставничка. Баба Лика Чопова сакала да напише книга за нејзиниот брат Тодор Чопов, истакнат општественик, писател и учесник во Комунистичкото-септемвриско востание од 1923 година, поради што е и убиен од припадници на ВМРО. Чопов вели дека во Бугарија немало интерес за таква книга и поради таа причина баба Лика заминува за Скопје каде што останува до крајот на својот живот.

Пред весникот „Бугарија денес“ потомокот на Гоце Делчев вели дека во една од последните средби со баба Лика во Скопје, таа му подарила сервис за кафе со ликот на Гоце Делчев и му кажала дека била принудена да се кажува Македонка, но во суштина никогаш не била тоа.

Слични Објави