| |

ПРАВОСЛАВИЕТО И ЗАПАДОТ- КАКО ПРАВОСЛАВИЕТО СТАНА ТОТАЛНО АНТИЗАПАДНО

Анимозитетот на Источното и Западното Римско Царство доведе до пад на Константинопол.
Во договор со Вселенската патријаршија ,Султанот го завзема Константинопол,гарантирајќи црковна независност доколку Вселенската патријаршија работи во негов интерес.
За разлика од тоа Руската Православна Црква има сопствен развој .Таа никогаш не била ставена во служба на Константинопол и Отоманската империја. Рускиот двор во историјата одржувал многу тесни врски со Западот. Рускиот двор бил секогаш со роднински врски со Англија и Германија. Многу руски градови впрочем се основани од авантуристи и колонисти од Германија и Англија и се уште ги носат тие имиња. До 1910 година, рускиот цар и Руската православна црква имале сериозни пријателски релации со Англиканската црква и Германската реформистичка црква. Романов како братучед на Џорџ V редовно ја посетувал Британија.
Заедно со него вакви посети правеле и црковните великодостојници на РПЦ за кои црковната дипломатија не била непозната. Дел од РПЦ одржувала многу релации и со Германските протестанти. РПЦ секогаш се држела подалеку од Константинопол но и од Ватикан заради обидот на Ватикан да ги направи католици голем број Руси со нивните мисии.Овој анимозитет почнал од Полска па и дел на денешна Украина.
За разлика од Вселенската патријаршија, РПЦ помагала во кревањето на бунтовите во Србија,Бугарија и Грција против Турците. При разграничувањето на Грција од Отоманската империја и подоцна со припојувањето на островите кон незината територија, дел од Јонските острови за рок од 10 години биле дадени на Царот Романов ( еден од тие острови е Лефкада).
Со влезот во сојуз на Англија и Франција, Романов отворил директен конфликт со неговиот роднина кајзерот на Германија-Вилхем Втори. Вилхелм бил многу луд и мекиот Романов не бил во добри односи со него. Тие сосема спротивни карактери довеле до сојузот на Џорџ V со Романов .
Физички помеѓу овие двајца монарси немало голема разлика.Обично во Лондон кога се шетале новинарите не знаеле кој е кој поточно.
Вилхелм знаејќи дека ќе ја изгуби Првата светска војна прави тајна операција за да ја анулира Русија од првата светска војна.Многуте Германски агенти во Швајцарија па до Русија ја отпочнуваат републиканската револуција во Русија.Тогаш со помош на нивните сојузници во Ст.Петерсбург ,главниот град на Царска Русија ја отпочнува републиканската револуција,а за поголема контрола на владата го праќаат од Швајцарија и Ленин заради лошите искуства со републиканските министри во новата пост-царска влада.
Ленин ,Сталин и Троцки донесуваат решение да се убие царот Романов со сета негова фамилија за да се загуши отпорот белогардејците.По смртта на Романов Англија и Франција воено интервенирале на страната на Белогардејците но се поразени од Ленин.
Црквата ,Сталин и Ленин ја ставаат под целосна контрола на НКВД ,а белогардејските/царски свештени лица кои имале добри релации со Западот се или стрелани или затворени ,а многу од нив избегале од Русија.Во Македонија има најмалку еден нивни манастир оној во Самоков.
За да ги порази западните влијаниа посебно на Англија и Франција,Сталин ( инаку завршил теолошко средно училиште, грчко, во Грузија и тоа му е единствената едукација) отпочнува со рушење на цркви низ СССР.Сите кои биле царисти биле испратени во ГУЛАГ. Низа Цркви се укинати и ставени под ингеренции на Руската Православна Црква.Со овие потези Руската Православна црква влегла во директни судири со Украинската,Белоруската,Српската,Грчката и Вселенската Патријаршија.Биле во директна конфронтација со цело православие. За ова постојат цели архиви и за нивното непријателство заради тоа што огромен број на руски-царски свештеници побегнале на овие територии.
Од овде натаму пропагандата ја превземаат Троцки ,Берија и НКВД.Тие ја земаат под управа Руската Православна Црква за контрола на руското население.Дури после втората светска војна се отстранети поповите кои биле на релации со Западните христијани.
Денес анти-западната пропаганда посебно кај Словените православци е изразена преку овие цркви кои ја задржале црната пропаганда на комунистичкиот СССР за лоши релации со Западните христијани. И да повторам ,Руската Православна Црвка до 1919 година секогаш имала добри односи со огромен дел на христијаните од Запад .Обидот на Архиепоскопот ма РПЦ Тихон да го прифати новиот календар го ставил во затвор и немилост кај Сталин во 1922/3 година. Зборуваат дека и бил отруен на крајот.
Затоа драги мои, се што ќе прочитате од руски сајтови запомнете: ТОА НЕ ГО ЗБОРУВА СТАРАТА РУСКА ПРАВОСЛАВНА ХРИСТИЈАНСКА ЦРКВА ТУКУ Е ПРОПАГАНДА СО ПОЛИТИЧКИ ПРИМЕСИ НА МОСКВА. Москва е далеку од сјајот на Ст.Петерсбург- престолнината на Царска Русија.

Автор: Даме Чкатроски, политички аналитичар



Слични Објави