|

ПРЕГАЗЕН ПЕШАК ВО ИЛИНДЕН

Дваесет и едногодишно момче со автомобил удрило во 79-годишен пешак, кој починал на местото на несреќата.

Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 19 и 20 часот на локален пат во населба Илинден, Скопје, кога автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.В.(21) од село Марино, скопско, удрил во пешак С.С.(79) од населба Илинден, кој починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: Mакфакс



Слични Објави