|

Прегазен пешак во Крива Паланка

45-годишен пешак од Крива Паланка бил тешко повреден кога во него удрило патничко возило.

Вчера, во 16 часот, во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на улицата Илинденска во Крива Паланка, патничко возило „фолксваген голф“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С. С. (44) од Крива Паланка, удрило во пешакот С. М. (45) од Крива Паланка.

Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди констатирани во Здравствниот дом во Крива Паланка.

Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.



Слични Објави