ПРЕГАЗЕНА ПОСТАРА ЖЕНА ВО ТАФТАЛИЏЕ, СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ ПРЕНЕСЕНА НА КЛИНИКИ

Жена е тешко повредена откако вчера наутро во 08.00 часот патничко возило „опел“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(57) од Скопје удрило во неа.

Несреќата се случила на крстосницата од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Лондонска“, а пешакот М.Ј.(78) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Скопје.