ПРЕМИЕРЛИГАШИТЕ ОБЈАВИЈА: ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ НА ТЕРЕНИТЕ КОГА ЌЕ БИДЕ – БЕЗБЕДНО!

/

Откако пандемијата со коронавирусот ги прекина сите спортски и фудбалски активности низ светот, секојдневно, медиумите „бараат“ термини како ќе се доигра сезоната, но на сите повеќе од јасно им е дека тоа ќе се случи кога ќе биде безбедно за фудбал.

Иако се најавуваа низа можни сценарија, па дури и се поставуваа датуми за старт и за финиш на сезоната, Премиерлигашите сега со соопштение се огласија во екот на најголемата светска криза, а фудбал немаат играно од 13 март годинава, кога сè беше суспендирано.

„Ковид-19 е нешто што е голем светски предизвик, кој носи неизвесност за секого и нашите мисли се во борбата на секој кој е директно погоден од коронавирусот. Пораката на владта е јасна, останете дома, чувајте го сопственото и јавното здравје и спасете животи. Сите ние сме одлучни да се вратиме на терените и да му се вратиме на фудбалот кој го сакаме, но само кога ќе биде безбедно за такво нешто. Знаеме дека сите навивачи имаат безброј прашања, ама сега немаме брзи одговори, како и кога ќе се вратиме на терените. Сите ние, од ФА, лигите, навивачката асоцијација сега имаме само обврска да одиграме клучен дел во владините препораки за заштита. Сега не е време за фудбал, ама фудбалот може да помогне во битката за зајакнување на општеството и за солидарност“, се вели во соопштението.



Велика Британија е една од најзагрозените земји од коронавурусот, од чија пандемија Италија и Шпанија во моментов се двете црвени зони во Европа, со неверојатно зголемување на бројката на заразени и на починати.

Извор: Спорт1



Претходна статија

АНГЕЛОВСКА НАЈАВИ КРАТЕЊЕ НА НЕПРОДУКТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ОД БУЏЕТОТ

Следна статија

ВИДЕО: АВИОНОТ СО РУСКА ПОМОШ ЗА АМЕРИКА

Најново од Вести