| |

Премиерот на Бугарија, Румен Радев: Автопатот не е тркачка патека, возете со почит кон животот

Бугарскиот премиер Румен Радев повика на поголема одговорност и почитување на сообраќајните правила по тешките верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“, во кои загинаа 11 лица, а 51 беа повредени. Поради трагедијата, денеска, 11 ноември, во Бугарија е прогласен ден на национална жалост.

На почетокот на владината седница, Радев изрази сочувство до семејствата на загинатите и истакна дека истражните органи ќе ги утврдат причините за несреќите.

„Драги сограѓани, време е да се освестиме – секој од нас можеше да изгуби близок човек или самиот да загине, згмечен меѓу металните делови на автомобилите на автопатот“, изјави Радев, нагласувајќи дека глетките од местото на несреќите биле ужасни.

„Автопатот не е тркачка патека. Која е смислата да заштедиме неколку минути ако ризикуваме да го изгубиме животот?“, праша бугарскиот премиер.

Тој ги повика возачите да одржуваат безбедно растојание и да бидат повнимателни, нагласувајќи дека со заштитата на другите се заштитуваме и себеси.

„Мислете на луѓето што ве очекуваат и не го препуштајте својот живот на играта на случајноста“, порача Радев, додавајќи дека безбедноста во сообраќајот започнува од личната дисциплина, одговорност и претпазливост.

Бугарскиот премиер им се заблагодари на лекарите, медицинските работници, полицајците, пожарникарите, војниците и волонтерите за брзата и професионална интервенција, со која, според него, биле спречени уште потешки последици.

Слични Објави