Премиерот Заев ги поздрави и Бугарите во РС Македонија за 8 септември-Денот на независноста

//

Бугарите во РС Македонија дочекаа да бидат спомнати и поздравени од висок државен функционер за државниот празник 8 септември- Денот на независноста.

Премиерот Зоран Заев во својата честитка по повод Денот на независноста покрај Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Власите, Бошњаците, во посебна реченица ги спомна Бугарите, Хрватите и Црногорците.

8 септември, Денот на независноста е еден од најсветите и најсветлите датуми од историјата на Северна Македонија. Во јубилејот 30 години независност е собрана нашата историја, нашите надежи, нашите сеќавања, нашите остварени стремежи.Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци… Почитувани Бугари, Хрвати, Црногорци и сите други,Нека ни е честит јубилејот – 30 години независност. Нека ни се вековити самостојноста и државата.Да живее Република Северна Македонија! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰.



Претходна статија

До каде сме со имунизацијата: Со една доза вакцинирани 44,6 проценти полнолетни граѓани

Следна статија

Колев: Спомнувањето на Бугарите во честитката на Заев е мал чекор за човекот, но голем чекор за човештвото

Најново од Вести