| |

Колев: Спомнувањето на Бугарите во честитката на Заев е мал чекор за човекот, но голем чекор за човештвото

Како мал чекор за човекот, но огромен чекор за човештвото го определи спомнувањето на Бугарите во РС Македонија од страна на премиерот Заев, претседателот на Граѓанско Демократка Унија Петар Колев, којшто го побаравме за коментар односно честитката за 8 септември-Денот на Независноста упатена од премиерот на државата преку социјалната мрежа Facebook.

Во телефонскиот разговор со Петар Колев, тој ја искористи можноста да го честита празникот на сите граѓани на РС Македонија велејки дека „овој ден ќе остане врежан во колективната меморија како момент на исклучителна одлучност, одговорност, но и историска одлука која ги постави темелите на долгогодишниот сон за независност и државност“.

„Односно упатената честитка и спомнувањето и на Бугарите и Хрватите сметам дека тоа е мал чекор за човекот, но огромен чекор за човештвото, бидејки за прв пат во овие 30 години македонски премиер осознава и констатира дека во Македонија живеат и нејзини граѓани кои се самоопределуваат како Бугари. И тие граѓани се радуваат и се гордеат на 30 годишната независност, исто како и сите останати граѓани на Македонија. Очекувам после толку години, државниот врв, но и ние како општество сме осознале дека е време и тие граѓани да ја добијат можноста за интеграција во сопствената држава. Сме ја осознале и потребата истите да бидат поставени еднакво пред Уставот и законите на државата како сите останати народи кои живеат во Република Северна Македонија. Длабоко сум убеден во тоа дека е дојден моментот во кој, еднаквоста, интеграцијата и рамноправноста на граѓаните пред Уставот и законите сме ја осознале како основна човекова вредност, која воедно е основна европска вредност, рече Петар Колев во телефонската изјава за порталот „Трибуна“.

Слични Објави