| |

Бугарското собрание гласаше, Бугарија ќе и донира 51.480 дози на „Фајзер“ на Северна Македонија

Народното собрание на Бугарија со 146 гласови „за“ го ратификуваше договорот за донирање 51.480 дози на вакцина „Фајзер“ на  Северна Македонија со рок на траење до 30 септември 2021 година и вредат 800.000 евра.

Министерот за здравство Стојчо Кацаров посочи дека „Фајзер“ не дозволува продавање или донирање вакцини без ратификација од Народното собрание и апелираше до пратениците побргу да го сторат тоа за да не пропадне донацијата

Ова е прва донација на вакцини за Северна Македонија. Требаше да се изврши во јуни, но поради наметнатите процедури во тоа не се успеа.

– Сега сум многу благодарен на Народното собрание што ги прекина игрите, рече Кацаров.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави