Г. ПЕТАР: ИМА РАСПОЛОЖЕНИЕ КАЈ ЦАРИГРАДСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА ЗА РАЗГОВОРИ ЗА АВТОКЕФАЛНОСТ НА МПЦ-ОА
Сѐ уште сме во исчекување да почнат официјалните разговори помеѓу Македонската православна црква и Цариградската патријаршија по прашањето за автокефалноста на МПЦ-ОА, изјави денеска владиката Петар, за време на промоција на монографија за манастирот „Свети Илија” во прилепско Мариово.
Петар вели дека има има расположение од Цариградската патријаршија нашето прашање да го земе предвид на некоја од своите наредни седници.

