Радев: Потребен ни е консензус за сите важни надворешнополитички прашања, поврзани со нашиот идентитет, нашата историја и правата на нашите сонародници во странство

//

Во својот говор на конститутивната седница на новиот бугарски Парламент, претседателот на Бугарија Румен Радев истакна дека за земјата е важен консензусот во однос на надворешната политика, посебно за прашањата поврзани со бугарскиот идентитет, историја и правата на Бугарите во странство.

„Денеска особено е важен консензусот за надворешната политика во кој сите институции се повикани непоколебливо да го бранат националниот интерес. Според мене, важно е бугарската дипломатија да биде во рацете на дипломати професионалци. Потребен ни е консензус за сите важни надворешнополитички прашања, особено кога се во прашање нашиот бугарски идентитет, нашата историја и култура и правата на нашите сонародници во странство. Ве уверувам дека Претседателската институција е отворена за дијалог и соработка за сите важни надворешнополитички прашања“, изјави претседателот Радев пред новите бугарски пратеници.



Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев и СДСМ повторно удираат по џебот на граѓаните

Следна статија

Вечерва Алтернатива ќе ја донесе конечната одлука дали влегува во Владата

Најново од Вести