ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ СО КИНЕСКАТА ВАКЦИНА НА „СИНОФАРМ“
Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“.
Тој се вакцинираше со првата доза на кинеската вакцина на „Синофарм“.
„ Се чувствувам одлично и ќе ја продолжам мојата дневна работна агенда во попладневните часови“, истакна Заев.
Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат, потенцирајќи дека вакцините се безбедни.

