Претежно сончево време со максимална температура до 24 степени

/

Времето денеска претпладне, особено на север и на исток, ќе биде променливо облачно, а во целина и особено попладне ќе преовладува сончево време, информираат од УХМР.

Од таму додаваат дека наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 24 Целзиусови степени.



Во Скопје, претпладне променливо облачно, а потоа облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 20 степени.

До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои од повисоките места ќе се спуштат и до 0 степени. Во петок и за време на викендот се очекува брзо покачување на дневната температура.

Претходна статија

СДСМ: Мицкоски да не бара алиби, на изборите ќе добие казна од граѓаните

Следна статија

Казнети 161 возач во Скопје, 35 за брзо возење, 16 немале дозвола

Најново од Вести